Sunday, December 25, 2011

Концерт

Учениците од подрачното училиште ќе учествуваат на традиционалниот новогодишен концерт на 27.12.2011 (вторник) со почеток од 13 часот. Концертот ќе се одржи во Дом на културата - Кочани.

Friday, December 16, 2011

Претстава

Посетена театарската претстава „Девојчето со ќибритчиња“ во Домот на културата - Кочани.

Friday, December 9, 2011

Тест

Тематскиот тест по Запознавање на околината ќе биде реализиран на 12-ти овој месец.

Wednesday, December 7, 2011

Работно - неработно

Четврток, 8-ми декември е неработен ден, согласно законот за празници.

Петок, 9-ти декември ќе биде наставен ден!

Wednesday, November 30, 2011

Родителска средба

Редовна родителска средба ќе биде одржана на ден 01.12.2011 година, со почеток во 18 часот.
Присуството е задолжително.

Thursday, November 24, 2011

Проектни активности (2)

Учесници во проектот „Здрава храна за детство без мана“ - групни фотографии.

Слика 01 * * * * * * * Слика 02 * * * * * * * Слика 03 * * * * * * *

Слика 04 * * * * * * * Слика 05 * * * * * * * Слика 06 * * * * * * *

Слика 07 * * * * * * * Слика 08 * * * * * * * Слика 09 * * * * * * *

Слика 10 * * * * * * * Слика 11 * * * * * * * Слика 12 * * * * * * *

Wednesday, November 23, 2011

Проектни активности

Еве како на 16-ти ноември учениците од прво до петто одделение, со помош и учество на родителите го реализираа проектот „Здрава храна за детство без мана“.

Слика 01 * * * * * * * Слика 02 * * * * * * * Слика 03 * * * * * * *

Слика 04 * * * * * * * Слика 05 * * * * * * * Слика 06 * * * * * * *

Слика 07 * * * * * * * Слика 08 * * * * * * * Слика 09 * * * * * * *

Слика 10 * * * * * * * Слика 11 * * * * * * * Слика 12 * * * * * * *

Слика 13 * * * * * * * Слика 14 * * * * * * * Слика 15 * * * * * * *

Tuesday, November 22, 2011

Одработување

Среда, 23.11.2011 (Ден на дрвото) е работен ненаставен ден за сите ученици.

Часовите планирани за овој ден ќе бидат одржани во сабота, 26.11.2011.

Wednesday, November 9, 2011

Екскурзија

Поради малиот број на пријавени ученици, еднодневната екскурзија до Скопје (посета на фестивалот „Златно славејче“) се одложува.

Thursday, October 27, 2011

Собирна акција

Во организација на Црвен Крст на Македонија, во периодот 26-28 октомври 2011 година се организира собирна акцција во храна како помош на лицата на кои тоа им е најпотребна. Доколку сте во можност и имате желба да учествувате во оваа хуманитарна акција, можете да донирате поедини прехранбени артикли (зрнеста сува храна) во текот на споменатиот период. Благодариме.

Sunday, October 16, 2011

Задолжителна имунизација

На ден 18.10.2011 год. во 13 часот учениците од второ одделение (родени 2004 год) ќе се вакцинираат во просториите на ЈЗУ Здравствен дом Кочани, Р.Е. Вакцини - Кочани.

Родителот е должен да обезбеди присуство.

Thursday, September 29, 2011

Храна

Од доставувачот сме известени дека цената за доставената храна за месец септември изнесува 280 денари по ученик. И дека сумата МОРА да се уплати НАЈДОЦНА до 10-ти октомври.

Monday, September 26, 2011

Осигурување

Потсетување дека осигурувањето на учениците треба да биде завршено до петок, 30-ти септември. Пожелно е да родителот ја изврши уплатата лично.

Tuesday, September 13, 2011

Нов распоред на часови

Понеделник
1. Час на одделенската заедница
2. Англиски јазик
3. Македонски јазик
4. Запознавање на околината
5. Физичко и здравствено образование

Вторник
1. Македонски јазик
2. Македонски јазик
3. Математика
4. Музичко образование

Среда
1. Македонски јазик
2. Математика
3. Запознавање на околината
4. Англиски јазик
5. Физичко и здравствено образование

Четврток
1. Македонски јазик
2. Математика
3. Ликовно образование
4. Ликовно образование
5. Музичко образование

Петок
1. Македонски јазик
2. Математика
3. Запознавање на околината
4. Физичко и здравствено образование
5. Дополнителна/додатна настава

Monday, September 12, 2011

Скратени часови

Учениците и студентите во наредните три дена ќе имаат скратени часови во училштата и факултетите поради невобичаените тропски горештини, кои ја зафатија земјава во септември. Поради најавениот топлотен бран од жолта, односно алертна фаза, наставата во училиштата и на факултетите од утре па се’ до четврток ќе бидат скратени и ќе траат до 12 часот, соопштија денеска министрите за здравство и за образование.
Извор: Плусинфо

Tuesday, September 6, 2011

Работни листови

Учениците од второ одделение во оваа наставна година ќе ги користат работните листови по Математијка и Англиски јазик и тоа:

1. Математика: Математика плус - работни листови и тематски тестови за второ одделение. Автори: Ј. Стефановски/ д-р Душко Ачовски

2. Англиски јазик: Set Sail - activity book/ Elizabeth Gray - Virginia Evans

Saturday, September 3, 2011

Новини во оваа учебна година

Задолжителна дополнителна и додатна настава, школи за родители чии деца имаат слаб успех или непримерно однесување, електронски дневник и екстерно тестирање на учениците за да се оцени објективноста на наставниците се новини во оваа учебна година.

Измените на законите за основно и средно образование што беа донесени пролетта се фокусирани на воспитната компонента и поттикнуваат поголемо вклучување на родителите. Тие ќе бидат повикани на советување или на т.н. родителски школи ако нивните деца имаат над три единици, 10 неоправдани или сто оправдани отсуства, ако се однесуваат неморално и асоцијално, учествуваат во тепачки или во други форми на насилство, ги навредуваат наставниците или ако имаат нагло влошен успех.

Советувањето ќе го прават психолози и педагози. Ако родителот не одговори на поканата, ќе биде казнет со 200 евра, а ако не се одѕива на три покани по ред ќе биде известен Центарот за социјална работа.

Вклученост на родителите ќе овозможи и воведувањето Е-дневник, што МОН веќе го имплементираше, а ќе биде задолжителен од новата учебна година. Со него родителот во секој момент ќе знае каков е успехот на неговото дете, дали присуствува на часовите и за содржините што ги усвојува. За неупотреба на електронскиот дневник ќе следуваат казни.

Исто така, наставниците најдоцна до 20 септември се обврзани да огласат распоред на дополнителни часови за учениците со слаб успех, и на додатни часови за талентирани ученици - кои ќе бидат факултативни и можност тие деца да се усовршат во областа за која имаат афинитет или да се подготват за натпревари. Ученикот може да посетува дополнителни часови за најмногу два предмета и за секој по еден час неделно, т.е. по четири часа месечно за предмет. Со оваа измена, родителите ќе заштедат пари за приватни часови.

Есктерното тестирање, со кое ќе се вреднува објективноста на наставниците, од 2011/2012 ќе важи за сите училишта и ќе се спроведе во февруари за матурантите, а на крајот на мај за сите други ученици во основно и во средно образование.

Извор: Утрински Весник

Thursday, September 1, 2011

Распоред

Учениците од второ одделение треба најдоцна до понеделник (петти септември) да го комплетираат основниот прибор за пишување и цртање: тетратки за почетно пишување, прибор за пишување, цртање и боење (слично како и за претходната учебна година).

Наставните предмети и нивниот седмичен фонт остануваат исти како и претходната учебна година; исклучок е само додавањето на одделенски час (понеделник) и час за дополнителна/додатна настава (петок).

До 9-ти септември учениците ќе работат според ланскиот распоред на часови.

Wednesday, August 31, 2011

Среќна нова учебна година!

Согласно традицијата и законските норми, новата учебна година започнува утре, први септември. Поради горештините, предвидено е да на први и втори септември наставата се одвива на скратени часови.

Учениците од подрачното училиште, првиот час од учебната 2011/2012 година ќе го започнат во 08 часот.

Учениците од второ одделение утре ќе ги добијат бесплатните учебници по Македонски јазики, Англиски јазик и Запознавање на околината, додека учебникот по Математика ќе го добијат накнадно.

Со почетокот на новата наставна година, овој блог продолжува со секојдневното ажурирање, после неактивноста за време на летниот распуст.

Friday, May 27, 2011

Одработување

Сабота, 28-ми мај ќе биде наставен ден.

Wednesday, May 25, 2011

Фотографирање

Фотографирањето на учениците од подрачното училиште е закажано за 31-ви мај (вторник). Цена на групна фотографија е 50 денари, а на поединечна 30 денари.

Friday, May 6, 2011

Народна песна

Го пратиле дедо в' планина

Го пратиле дедо вo планина,
мечките да го изедат.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Ете го дедо кај иде,
полна му торба со мечиња.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Го пратиле дедо на дрва,
волците да го изедат.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Ете го дедо кај иде,
полна му торба со волчиња.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Thursday, May 5, 2011

Логопед

За резултатот од испитувањата на говорот на учениците од прво одделение од страна на логопед и училишниот психолог (04.05.2011), родителите треба да се информираат лично од одделенскиот наставник.

Wednesday, May 4, 2011

Легитимации

Здравствените легитимации на учениците ќе бидат задржани два дена заради издавање на потвдри за примени вакцини. Истите се предадени во одделението за имунизација, ЈЗО-Кочани. Од таму го пренесуваме соопштението дека истите не издаваат потврди на индивидуално барање на ученик/родител, туку само организирано од училиштата, преку класните раководители.

Friday, April 29, 2011

Празник

Заради обележување на Денот на трудот, понеделник (2-ри мај) е неработен ден.

Thursday, April 28, 2011

За патронатот (2)

Поради обемноста на фото и видео материјалот снимени на празникот, сликите и видео-клиповите ќе бидат поставени на блогот во текот на претстојниот викенд.

За патронатот

Патрониот празник на училиштето, 27-ми април, беше соодветно обележан и во нашето подрачно училиште, со свечена приредба на учениците и со положување свежо цвеќе на споменикот на Никола Карев.

Tuesday, April 26, 2011

Патронат

Патрониот прзаник на училиштето, 27-ми април, учениците од подрачното училиште ќе го обележат со сопствена програма со почеток од 09 часот (учениците да бидат присутни во училишниот двор).

Thursday, April 21, 2011

Празнувања

Ненаставни денови за учениците се 22-ри април (Велики Петок) и 25-ти април (Велигден, втор ден).

Tuesday, April 19, 2011

Родителаска средба

Дневен ред на родителската средба закажана на 20.04.2011 (среда), во 18 часот:

1. Успехот и дисциплината на учениците во третото тромесечје (евидентни листови);
2. Насоки за активностите на учениците до крајот на учебната година;
3. Здравствена заштита на учениците (за епидемијата од морбили).

Monday, April 18, 2011

Родителска средба

Редовна средба со родителите на учениците од прво одделение ќе се одржи на 20.04.2011 (среда), со почеток во 18 часот.

Sunday, April 17, 2011

Пепелашка

Омилената детска приказна „Пепелашка“ во аудио формат (MP3), може да ја симнете со кликање ТУКА (со напомена дека ниедна мултимедијална датотека не може да ја замени книгата) :)

Thursday, April 14, 2011

Пак итно

Учениците од прво одделение треба до утре итно да ги достават своите здравствени легитмации во училиштето, заради издавање (нови) потврди за примените вакцини (потврдите кои се приложени на почетокот на наставната година повеќе не важат).

Wednesday, April 13, 2011

Потврди (итно!)

Родителите кои се уште до училиштето не доставиле потврди за сите примени вакцини кои ги примиле нивни деца, тоа треба да го направат најдоцна до петок, 15-ти април. Потврдите се добиваат во Здравен дом (одделение за имунизација).

Tuesday, April 12, 2011

Дневен план

Дневен план за 13.04.2011 (среда)

1 | Македонски јазик | Препознавање букви | вежби | н. лист
2 | Математика | Активности со учените броеви
3 | Музичко образование | Народно оро
4 | ФЗО | Игра со топка

Saturday, April 9, 2011

Песничка

Детската песничка „Пролет иде“ може да се симне со кликање ТУКА.

Thursday, April 7, 2011

Одработување

Сабота, 9-ти април ќе биде ненаставен и неработен ден за учениците. Ова е измена на соопштението дека на овој ден ќе се одработуваат часовите од 31.03.2011.

Wednesday, April 6, 2011

Текст на песничка

Летај, летај Буба Маро

Моја мила другарке
каде што ќе идеш
дали сакаш барем денес
поштар да ми бидеш?

Летај, летај Буба Маро
гостин да ми пратиш,
летај, летај побрзо
назад да се вратиш.
Летај, летај Буба Маро
штом те молам прости,
летај, летај побрзо
сакам многу гости.

Моја мила другарке
торта сега правам,
кога ќе ми дојдат сите
роденден ќе славам.

Saturday, April 2, 2011

Априлијада - втор дел

Учениците од прво одделение на Априлијада:

Слика 01 * * * * * * *Слика 02 * * * * * * *Слика 03 * * * * * * *
Слика 04 * * * * * * *Слика 05 * * * * * * *Слика 06 * * * * * * *
Слика 07 * * * * * * *Слика 08 * * * * * * *Слика 09 * * * * * * *
Слика 10 * * * * * * *Слика 11 * * * * * * *Слика 12 * * * * * * *
Слика 13 * * * * * * *Слика 14 * * * * * * *Слика 15 * * * * * * *
Слика 16 * * * * * * *Слика 17 * * * * * * *Слика 18 * * * * * * *
Слика 19 * * * * * * *

Friday, April 1, 2011

Маскенбал

Групни слики од денешниот маскенбал:

Слика 01 * * * * * * * Слика 02 * * * * * * * Слика 03 * * * * * * * Слика 04 * * * * * * * Слика 05 * * * * * * * Слика 06 * * * * * * * Слика 07 * * * * * * * Слика 08 * * * * * * *

Поединечните слики ќе бидат ставени на блогот утре.

Thursday, March 31, 2011

Песничка

Детската песничка „Летај, летај Буба Маро“ може да се симне со кликање ТУКА.

Wednesday, March 30, 2011

Принцезата на зрно грашок

Приказната „Принцезата на зрно грашок“ во аудио-формат може да се симне со кликање ТУКА.

Tuesday, March 29, 2011

Баба Рога

Омилената приказна за деца „Баба Рога“, во MP3 формат (8,9 МБ) може да ја симнете со кликање на линкот ТУКА. (се отвора нова страна на која треба да се притисне копчето DOWNLOAD FILE).

Monday, March 28, 2011

Априлијада

Традиционално за денот на шегата 1-ви април, и оваа учебна година ќе се одржи маскенбал со учениците од прво до петто одделение. Времето и местото се исти како и лани - во 08 часот во дворот на училиштето. Само маските ќе бидат различни, и секако, поинтересни :)

Sunday, March 27, 2011

Денот на дрвото

Заради спроведување на пролетната акција „Ден на дрвото - пролет 2011“, 31 март (четврток) е ненаставен ден за учениците. Овој ден ќе се одработи на 9 април (сабота)

Saturday, March 26, 2011

Линк

Симни ја песничката „Трите прасенца“, кликни ТУКА.

Friday, March 25, 2011

Песничка „Трите прасенца“

Првото и најмало мое прасе
не знаело да си прави куќичка.
Дошол волкот и ја дувнал куќичката
зошто сакал да го фати прасето.

И второто од трите прасенца
не знаело да прави куќа како третото.

Трите прасенца се мои другарчиња,
ќе ги чувам јас од волкот страшен, лош.

Еј, Волчко, јас не ти се плашам повеќе.
Сега сум голема, сега ќе видиш ти - ха!

Thursday, February 24, 2011

Систематски преглед

Систематски преглед на учениците од прво одделение ќе биде извршен на ден 01.03.2011 (вторник) во 08 часот. Учениците со себе да носат здравствена легитимација, син картон и мокрача. Учениците не треба да бидат гладни.
Со оглед на возраста на учениците, за време на систематскиот преглед може да присуствуваат и нивните родители.

Wednesday, February 23, 2011

Боенка со броеви

Боенка со броевите 6, 7 и 8 може да ја симнете со клик овде. Боенката е пролагодена за печатење.

План за работа за 24-28 февруари

четврток, 24
1. Македонски јазик/ Препознавање на буквите Д/Ѓ/ вежби/ наставен лист
2. Математика/ Активности со бројот 8/стр. 78/79/ вежби
3. ЗО/ Овошје/ истражувачки активности
4. Ликовно образование/ Овошје - моделирање/ пластелин

петок, 25
1. Македонски јазик/ Ликовни од приказна/ стр.78
2. Македонски јазик/ Препознај приказна/ стр. 79
3. Музичко образование/ Пеење на песната
4. ФЗО/ „Манекени“ /игра со движење по обележан простор

понеделник, 28
1. Македонски јазик/ Препознавање на буквата Е/ стр.90/
2. Математика/ Собирање и одземање до 8/ стр. 80/81
3. Игри со движење по обележан простор

Песничка за зелката

Слушни ја мелодијата овде

Зелката има кошули триста
секоја бела, секоја чиста
сите кошули сама ги шие
свлечи и’ една - друга се крие.

Сите кошули сама ги шијам
свечи и’ една - други се кријат.

Никоја од нив не и’ е тесна
зад сите крцка по една песна
што ја препишува од нашата нива
која потајно в неа се слива.

И сливајќи се, цела се упка
ко од бел букет, ко снежна грутка

Зелката има кошули триста
секоја бела, секоја чиста
сите кошули сама ги шие
свлечи и’ една - друга се крие.

Сите кошули сама ги шијам
свлечи и’ една - други се кријат.

Песничка „Јаболчице црвена“

Јаболчице црвена
на висока гранка,
ајде, ајде јаболко
ти на земја падни. (X2)

Ти си многу високо
тоа не е шега,
ај да дувне ветер јак
ќе те земам сега! (X2)