Tuesday, November 30, 2010

План за работа 01-06.12

СРЕДА 01
1. Англиски јазик
2. Македонски јазик Изговор на гласот /ж/ стр. 39 „Жабата и жеравот“
3. Математика Групирање, Математика +, стр. 29
4. Музичко Правилно слушање музика
5. ФЗО Скокање - усовржување

ЧЕТВРТОК 02
1. Македонски јазик Вежби со гласот /ж/ - на почетокот, средината и крајот на зборот
2. Математика Математика + (тест)
3. ЗО Со здрава храна до подобро здравје утврдување
4. Ликовно Здрава храна (цртање-фломастер) - „Колку ученици-толку плодови“

ПЕТОК 03
1. Македонски јазик Сликовница
2. Македонски јазик Сликовница - раскажување, препознавање ликови од приказната
3. Музичко Препознавање на детски музички инструменти
4. ФЗО Скокање во височина

ПОНЕДЕЛНИК 06
1. Англиски јазик
2. Македонски јазик Изговор на гласот /л/ стр. 38 „Млеко“
3. Математика Исто толку, помалку, повеќе стр. 36
4. ФЗО Скок во висошина - усовржување

Friday, November 5, 2010

Записник

Записник за состаноците на стручен актив. Кликни го линкот долу за да симнеш WORD документ.

Записник

Wednesday, October 20, 2010

Црвенкапа

Јас сум Црвенкапче
мало девојче,
носам капче црвено
и чевлички бели.

Ништо мене не ме плаши,
ниту Меца ниту волк,
јас од ништо немам страв,
итам, скитам, по пат прав.

Јас сум Црвенкапче
мало девојче,
низ шума одам
баба да ја видам.

Ништо мене не ме плаши,
ниту Меца ниту волк,
јас од ништо немам страв,
итам, скитам, по пат прав.

Роденденска песна

Денес ми е роденден
гости многу сакам.
Ако некој не дојде,
ќе ми биде мака.

Роден, роденден, денес ми е роденден ( 2 )

Торта сама направив,
колач убав има.
Денес ми е весел ден,
гости цел ден примам.

Роден, роденден, денес ми е роденден ( 2 )

Thursday, October 14, 2010

Родителска средба

Родителска средба за прво одделение ќе се одржи на ден 16.10.2010 година (сабота), со почеток во 18 часот. Планирани точки:

1. Успехот и дисциплината на учениците

2. Дополнителен прибор за работа (тетратки, сликовници...)

3. Начин на работота и следење на напредокот на учениците

3. Разно: отсуства, списанија, исхрана, прашања од родителите.

Присуството е задолжително!

План за работа за периодот 13-22.10.2010

13.10.2010 среда
1. Англиски јазик
2. Македонски јазик Директор, педагог, психолог...
3. Математика Се допира... стр.17
4. Музичко обр. Песна „Есен“
5. ФЗО Натпревар во брзо трчање

14.10.2010 четврток
1. Македонски јазик Расказ „Зошто одиме на училиште“ стр.13
2. Математика Пред, зад, меѓу, се допира стр.17/18 (вежби)
3. ЗО Кој се однесува правилно? стр.35
4. Ликовно обр. Моделирање/есенски плодови (пластелин)

15.10.2010 петок
1. Македонски јазик Правила за однесување во училница стр. 18
2. Македонски јазик Правила на однесување во нашата училница
3. Музичко Пеење на песната „Есен“
4. ФЗО Игри со трчање

18.10.2010 понеделник
1. Англиски јазик
2. Македонски јазик Јас сум дежурен стр. 19
3. Математика Математика +, контролен тест 4
4. ФЗО Вежби за организирано поставување и движење

19.10.2010 вторник
1. Македонски јазик Расказ „В училиште“ стр. 16
2. Математика Внатре, надвор, на стр. 18
3. ЗО Правила за однесување во училницата стр. 29
4. Ликовно Цртање вертикални кратки линии. „Дождлив ден“

20.10.2010 среда
1. Англиски јазик
2. Македонски јазик Сликовница за оваа седмица стр. 20
3. Математика Лево - десно стр. 19
4. Музичко Песна „Моето училиште“
5. ФЗО „Внимавај каде одиш“ (штафета)

21.10.2010 четврток
1. Македонски јазик Прераскажување на сликовницата
2. Математика Внатре, надвор, на, лево, десно вежби/стр.20
3. ЗО Мојот дом, моето семејство стр.26/37
4. Ликовно Илустрација на сликовницата

ПЕТОК 22
1. Македонски јазик Песна „Есенско овошје“ обработка стр. 34
2. Македонски јазик Состави приказна по слики стр. 33/потсетување
3. Музичко Ритмичко марширање
4. ФЗО Одење со носење предмети на глава

Песна „Есен“

Песничката е за усвојување на часовите по Музичко образование. Аудио снимката од истата ќе биде ставена на блогот утре.

Есен

Дојде есен златна
ситен дождец лее
а во нива веќе
сеач семе сее.

Јаболка се берат
крушки, сливи зрели,
богат род ќе има
за зимата цела.

Tuesday, October 5, 2010

Две песнички

Добро утро, добар ден

Наутро дома,
на школо и по пат,
„добро утро“ кажувам
на стар и на млад.

На пладне кога
од школо се враќам,
со „добар ден“ поздрави
секому му праќам.

Овошје и зеленчук

Есента е богата
како никој друг,
има таа овошје
има и зеленчук.

Јаболки и круши,
сливи и грозје,
берам полни кошници
се викаат овошје.

Пиперки и зелка,
моркови и лук,
полна е градината
со секаков зеленчук.

Monday, October 4, 2010

План за работа за периодот 05.10 - 12.10.2010

ВТОРНИК 05
1. Македонски јазик Песна „Како поздравувам“ (потсетување) стр.24
2. Математика Над - под стр. 15
3. ЗО Простории во училиштето стр. 32
4. Ликовно Пејсаж - рана есен (водени бои)

СРЕДА 06
1. Англиски јазик
2. Македонски јазик Културно однесување стр. 25/26
3. Математика Горе - долу, над - под вежби
4. Музичко Пеење на песни за есента и октомври
5. ФЗО Ритмичко чекорење

ЧЕТВРТОК 07
1. Македонски јазик „Во училиште“ стр. 12
2. Математика Математика +, контролен тест 3
3. ЗО Вработени во училиштето стр. 33
4. Ликовно „Моето училиште“ (мрсни бои)

ПЕТОК 08
(Прием на првачињата во Детската организација)

СРЕДА 11
Ден на востанието на македонскиот народ (неработен ден)

ВТОРНИК 12
1. Македонски јазик Кој што работи во училиште стр. 23
2. Математика Пред, зад, меѓу стр. 16
3. ЗО Мојата училница стр. 28
4. Ликовно Слободен цртеж

Организирана исхрана

Учениците кои во месец септември користеле организирана исхрана преку училиштето треба да уплатат по 200 денари. Пожелно е уплатата да се изврши до 15-ти октомври.

Обележување на Детска недела - информација за родителите

По повод приемот на првачињата во Детската организација на Македонија, учениците во петок (08.10.2010) ќе присуствуваат на свеченост организирана за нив пред Домот на културата во Кочани, при што ќе им бидат доделени беџови и детски пасош.

Учениците треба до петок да уплатат 50 денари (30 денари за беџ и пасош и 20 денари за превоз).

Петок (08.10.2010) за првачињата е работен, но ненаставен ден. Задолжително е присуството на сите ученици (во 10 часот)!

Дневно планирање - 05.10.2010 (вторник)

05.10.2010, вторник
1. Македонски јазик: Културно однесување, стр.25
Песна „Како поздравувам“ (потсетување), стр. 24
2. Математика: Над - под, стр. 15
3. ЗО: Простории во училиштето. Мојата училница, стр. 32/33
4. Ликовно образование: Пејсаж - рана есен (водени бои)

Sunday, October 3, 2010

Информација за родителите

На ден 08.10.2010 година (петок) ќе се изврши свечен прием на првачињата во Детската организација на Македонија. Овој ден за првачињата е ненаставен, а со почеток во 11 часот е планирано нивно присуство на свеченост пред Домот на културата „Бели мугри“ во Кочани. Предвидено е доделување на беџови и детски пасоши. За нивната цена, како и за цената на превозот, родителите ќе бидат дополнително информирани.

Дневно планирање

04.10.2010, понеделник
Македонски јазик - Што научив од приказната (стр. 15)
Математика - Горе-долу (стр. 14)
ФЗО - Одење во колона со кратки и долги чекори (игра „Како оди мачката“)

Wednesday, September 8, 2010

Албум 05

Ученици од прво одделение, сликани на 06.09.2010

Слика 01 * * * * * * * Слика 02 * * * * * * * Слика 03 * * * * * * * Слика 04 * * * * * * * Слика 05 * * * * * * * Слика 06 * * * * * * * Слика 07 * * * * * * * Слика 08 * * * * * * * Слика 09 * * * * * * * Слика 10 * * * * * * * Слика 11 * * * * * * * Слика 12 * * * * * * * Слика 13 * * * * * * * Слика 14 * * * * * * * Слика 15 * * * * * * * Слика 16 * * * * * * * Слика 17 * * * * * * * Слика 18 * * * * * * * Слика 19 * * * * * * * Слика 20 * * * * * * * Слика 21 * * * * * * *

Албум 04

Петто одделение (деветгодишно), слики од 06.09.2010

Слика 01 * * * * * * * Слика 02 * * * * * * * Слика 03 * * * * * * *
Слика 04 * * * * * * * Слика 05 * * * * * * * Слика 06 * * * * * * *
Слика 07 * * * * * * * Слика 08 * * * * * * * Слика 09 * * * * * * *
Слика 10 * * * * * * * Слика 11 * * * * * * * Слика 12 * * * * * * *
Слика 13 * * * * * * * Слика 14 * * * * * * * Слика 15 * * * * * * *
Слика 16 * * * * * * * Слика 17 * * * * * * * Слика 18 * * * * * * *
Слика 19 * * * * * * *

Thursday, June 10, 2010

Албум 03 - Последниот училишен ден

Овие се слики направени на 04.06.2010 година.

Слика 01 * * * * * * * Слика 02 * * * * * * * Слика 03 * * * * * * * Слика 04 * * * * * * * Слика 05 * * * * * * * Слика 06 * * * * * * * Слика 07 * * * * * * * Слика 08 * * * * * * * Слика 09 * * * * * * * Слика 10 * * * * * * *

Албум 02 - Еден училишен ден

Ова се слики направени на 04.06.2010 година.

Слика 01 * * * * * * * Слика 02 * * * * * * * Слика 03 * * * * * * * Слика 04 * * * * * * * Слика 05 * * * * * * * Слика 06 * * * * * * * Слика 07 * * * * * * * Слика 08 * * * * * * * Слика 09 * * * * * * * Слика 10 * * * * * * *

Лектири за петто одделение

Можеби во учебната 2010/2011 некои од задолжителните лектири ќе бидат заменети, но не е никакво „промашување“ да се прочитаат книгите од списокот преку летниот распуст, затоа што навистина се работи за прекрасни дела.

1. Робинзон Крусо - Даниел Дефо
2. Еднорогиот елен - Рифат Кукај
3. Белото циганче - Видое Подгорец
4. Црни и жолти - Славко Јаневски
5. Избор: Македонски хумористични приказни

Wednesday, June 9, 2010

Запишувања во петто одделение (информација за родителите)

Учениците од четврто одделение (осумгодишно образование) од подрачното училиште, по завршувањето на наставната (10.06.2010) и учебна година (31.08.2010), при преминување во петто одделение во центалното училиште, немаат обврска да се запишуваат во петто одделение, од причина што тие се веќе запишани во главната книга во централното училиште уште на почетокот на нивното школување (забавиште, прво одделение). Со започнувањето на новата наставна 2010/2011 година, тие ќе бидат само распределени во паралелките од петто одделение во центалното основно училиште (во месец август).

Родителска средба

Родителска средба за 4-то одделение ќе се одржи на ден 11.06.2010 год, петок, со почеток во 17.30 ч. Планирани точки:

1. Разгледување на годишниот успех на учениците во наставната 2009/2010 год
2. Потпишување изјави за враќање на задолжените учебници

Присуството е задолжително!

Нови блогови

Бојана Јакимовска од денес е уредник на два блога. Нивните адреси се:
http://bojanajak.blogspot.com/
http://bojana.blogspot.com/
Со своите предлози за теми и коментирање ќе и помогнете да ги направите и двата блога интересни места за посета.

Saturday, June 5, 2010

Албум 01 - втор дел

Слика 11 * * * * * * * Слика 12 * * * * * * * Слика 13 * * * * * * * Слика 14 * * * * * * * Слика 15 * * * * * * * Слика 16 * * * * * * * Слика 17 * * * * * * * Слика 18 * * * * * * * Слика 19 * * * * * * * Слика 20 * * * * * * *

Прашања - Македонски јазик

1. Текстот што следува е напишан на народен јазик (дијалект). Препиши ги речениците на литературен јазик.

„Ама ми појде некако понеделнико... Ош саабаале ко станах, како да се сопнах од нешто, па до пладнината не можох да си ги опраам работите. Да уклучам компјутеро - однема струја. Ујдох по леп - лебо се продал. Викам му на продавачо, а он ми вика, шо не си станал порано, бе? Ја ле леп ќе ти месам сеа?“

2. Во реченицата „Малиот Марко мирно спие“ определи кој збор е: подмет, прирок, додаток на подметот и додаток на прирокот.

3. Од зборовите „попладне, тополо, пороен, неочекувано, дожд, заврна, едно, јунско“ формирај реченица од осум зборови.

4. Реченицта на директен запиши ја со индиректен говор.
- Ти си внимателен, Доне! Не се сомневам дека ќе ме послушаш!

5. Реченицата на индиректен запиши ја со директен говор.
Ја прашав Тања дали знае дека вујко и’ се вратил.

6. Во следната реченица запиши (за секој збор) за видовите зборови од кои е составена.
Лани Петре имаше повеќе петки.

7. Запиши по три именки:
а) општи
б) сопствени
в) збирни

8. Запиши по три именки од:
а) машки род
б) женски род
в) среден род

9. Запиши по една именка:
а) еднина
б) множина
в) членувана

10. Запиши по три придавки:
а) описни
б) присвојни
в) материјални

11. Запиши по една придавка:
а) еднина
б) множина
в) членувана

12. Запишпи по три заменки:
а) лични
б) присвојни

13. Запиши три броеви:
а) прости
б) редни

14. Глаголот „учи“ запиши го во минато, сегашно и идно време.

15. Означи го акцентот во следниве зборови: трн, куќа, дебело, претражува, скапотијата.

16. Во следната реченица означи ја заменската форма / не’ /.
Тоа што не не интересира не дозволивме да не опфати.

17. Во следната реченица означи ја заменската форма / и’ /.
Мајка и на Јована и сестра ми и купија подарок на баба.

18. Препиши ги следниве реченици правилно (употрби голема буква на соодветно место).
дедо ристе мечкарот имаше колипка на трајанова полјана, едно прекрасно место во бушева планина. малку подолу од полјаната, беше изворот на крива река, која брзаше на југ кон својата утока во преспанското езеро.

19. Препиши ја следнава реченица со правилна примена на согласките.
Горги и јас живеефме во една кука. Пред куката имафме вурна. Во неја се пецеше наиубав леп во селата околиа.

20. Објасни што значат кратенките: ОУ, РМ, АРМ, МПЦ, МВР.

21. Запиши реченица во која ќе употребиш набројување.

22. Бројот 7 652 запиши ги со зборови како:
а) главен
в) реден

Задачи по Математика

1. Која вредност ја има цифрата 7 во бројот 171 432?

2. Бројот 12949703 запиши го со групирање на класите.

3. Запиши го со зборови бројот 103 707.

4. Запиши го бројот со цифри: шеесет и седум илјади и два.

5. 321 043 - 186 529 =

6. 36 146 + 298 966 =

7. 31 632 + х = 90 121
х - 526 = 19 897
30 000 - х = 21 736

8. х • 8 = 36 520
х : 7 = 63 529
193 426 : х = 34

9. Запиши ја со соодветни броеви реченицата: четири петини плус седум петини се едно цело и една петина.

10. Пресметај ја обиколката на разностран триаголник со страни: a = 5 cm, b = 4 cm и c = 3 cm.

11. Пресметај ја обиколката на рамностран триаголник со страна 8 cm.

12. Пресметај ја обиколката на рамнокрак триаголник со основа а = 3 cm и крак b = 7 cm.

13. Пресметај ја обиколката на квадрат со страна 12 cm.

14. Пресметај обиколка на правоаголник со страни а = 8 cm и b = 3 cm.

15. 728 + 455 : 7 + 736 =

16. 784 : 8 + 12 + (3 698 - 1799) =

17. Бројот 1 736 зголеми го за 7.

18. Бројот 3 160 намали го пет пати.

19. Бројот 1 723 зголеми го за 245.

20. Бројот 3 452 зголеми го 17 пати.

21. Што покажуваат броителиот и именителот во дропката?

22. Собери две дропки со еднакви именители.

23. Одземи две дропки со еднакви именители.

24. Наброј ги геометриските тела.

25. По колку темиња, рабови и страни имаат коцката и квадарот?

26. Наброј ги единиците мерки за плоштина.

27. Пресметај ја плоштината на квадрат со страна 18 m.

28. Пресметај ја плоштината на правоаголникот со страни а = 17 m и b= 9 m.

29. Колку е страната на квадратот со обиколка 536 m?

30. Колки е страната на квадратот со плоштина 81 m?

Friday, June 4, 2010

Пристап со лозинка

Од сега, оценките на учениците ќе бидат заштитени со лозинка. Секој ученик има пристап само до своите оценки. Лозинката се добива лично од наставникот и се држи во тајност.

Логирај се за да ги погледнеш своите оценки:

Бранислав
Мартин
Ивана
Александра
Марина
Бојана
Моника
Томе

Албум 01

На секој линк има нова слика. Секоја слика се отвора во ново прозорче. Сите слики се сликани на 01.04.2006. На блогот се ставени за да не ме повеќе прашаш „а кога ќе ни ги даваш сликите од Априлијадата“?

Слика 01 * * * * * * * Слика 02 * * * * * * * Слика 03 * * * * * * *
Слика 04 * * * * * * * Слика 05 * * * * * * * Слика 06 * * * * * * *
Слика 07 * * * * * * * Слика 08 * * * * * * * Слика 09 * * * * * * *
Слика 10 * * * * * * *

Родителска средба

Родителска средба за учениците од четврто одделение ќе се одржи на ден 04.06.2010 (петок) со почеток во 20 часот. Планирани точки:

1. Информација и пополнување на анкетен лист за определување изборен прдмет кои учениците ќе го изучуваат во петто одделение

2. Завршни испрашувања, тестирања и оценување

3. Информација за крајот на учебната година

4. Враќање на задолжените учебници

Природа - тематски тест, резултати

Оценките од се заштитени со лозинка. Секој ученик има пристап само до своите оценки. Лозинката се добива лично од наставникот и се држи во тајност.

Логирај се за да ги погледнеш резултатите:

Бранислав
Мартин
Ивана
Александра
Марина
Бојана
Моника
Томе

Thursday, June 3, 2010

Општество - тематски тест, резултати

Оценките од се заштитени со лозинка. Секој ученик има пристап само до своите оценки. Лозинката се добива лично од наставникот и се држи во тајност.

Логирај се за да ги погледнеш резултатите:

Бранислав
Мартин
Ивана
Александра
Марина
Бојана
Моника
Томе

Прашања - природа

1. Човекот е дел од живата природа бидејќи ______ , ______ , ______ , ______ , ______ , ______ , ______ .

2. Луѓето се општествени суштества затоа што живеат во ______ .

3. Со кои видови животни човекот е најсличен?
______ , ______ , ______ .

4. Кои се главни разлики помеѓу луѓето и животните?
______ , ______ , ______ , ______ .

5. На десно од името на системот запиши ги органите од кои е составен:

а) систем за крвоток: ______ , ______ , ______ .
б) систем за лачење: ______ , ______ , ______ , ______ .
в) нервен систем: ______ , ______ , ______ .

6. Десно од реченицата запиши на кој систем припаѓаат органите:

а) Коски и мускули: ______ .
б) Носна празнина, душник, бели дробови: ______ .

7. Наброј ги органите од системот за варење:
______ , ______ , ______ , ______ , ______ , ______ , ______ , ______ .

8. Состав на крвта и улога.
а) ______ / ______
б) ______ / ______
в) ______ / ______
г) ______ / ______

9. Пополни!
Крвта го носи кислородот во секој дел од телото. Тој се соединува со ______ и при тоа се ослободува ______ и се ствараат некои ______ .

10. Болести на зависност се: ______ , ______ , ______ .

11. Големиот мозок има два дела. Тие се ______ и ______ .

12. Сетилни органи се: ______ , ______ , ______ , ______ , ______ .

13. Луѓето се цицачи, затоа што: ______ , ______ , ______ , ______ , ______ .

14. Периоди во развојот на човекот: ______ , ______ , ______ , ______ , ______ , ______ , ______ , ______ .

15. Наброј пет начини за чување на здравјето:
______ , ______ , ______ , ______ , ______ .

16. Кои органи заболуваат од наведениве болести:
а) леукемија ______
б) рахитис ______
в) туберкулоза ______
г) жолтица ______
д) бронхитис ______

17. Десно запиши ги причинителите на наведените болести:
а) грип ______
б) камен на бубрег ______
в) никотинизам ______
г) труење ______
д) наркоманија ______

18. Запиши ја улогата на наведените органи:
а) срце ______
б) желудник ______
в) црн дроб ______
г) нерви ______
д) бели дробови ______

19. Кој орган ја има наведената улога:
а) впивање на хранливи материи ______
б) мислење, творештво, сеќавање ______
в) чуствување допир и температура ______

Wednesday, June 2, 2010

Прашања - општество

1. Најстари познати жители на Македонија биле
________________ , ________________ и ________________ .

2. Имињата на најпознатите македонски кралеви од Стариот век се
________________ и неговиот син ________________ .

3. Запиши се’ што знаеш за Старите Словени
(прататковина, религија, занимања, јазик, заедници, населби, причина за преселби, правци на преселби).
________________

4. Првата држава на македонските Словени била создадена во ________________ век. Со државата владеел ________________ .
Тој бил во постојана војна со царството ________________ . Неговото царство постоело ________________ години. Престолнини на царството биле ________________ и ________________ .

5. Македонија била под турска власт ________________ години ( ________________ века) и тоа непрекинато од годината ________________ до годината ________________ . Турското освојување на Македонија започнало со ________________ битка, а завршило со Првата ________________ војна.

6. Наведи три причини за тешкиот живот во Македонија под османлиска власт (раководи се по зборовите јаничари, ангарија, арач).
________________

7. Обајсни го значењто на видовите отпор кои македонскиот народ ги пружал кон турската тиранија:
а) буна ________________
б) ајдутство ________________
в) востание ________________

8. Најзначајно востание кое македонскиот народ го кренал за ослободување од турска власт било ________________ , кое започнало на ________________19________________ година. Востанието го подготвила организацијата ________________ а нејзини најпознати водачи биле ________________, ________________, ________________ , ________________ , ________________ и др. Најголем успех на востанието е ослободувањето на градот ________________ и прогласувањето на ________________ Република на чело со ________________ . Востанието траело до ________________ месец ________________ година.

9. Што предвидувал тајниот договор помеѓу Србија, Бугарија и Грција пред Првата балканска војна?
________________

10. Меѓу кои држави се водела Првата балканска војна?
________________

11. Кој е резултатот од Првата балканска војна?
________________

12. Меѓу кои држави се водела Втората балканска војна?
________________

13. Со што завршила Втората балканска војна?
________________

14. Поделба на Македонија по балканските војни:
Грција ( ________________ ), Србија ( ________________ ) и Бугарија ( ________________ ).

15. По Првата светска војна, Вардарска Македонија била во составот на државата ________________ во која македонскиот народ не бил ________________ .

16. Во текот на Втората светска војна, Македонија била окупирана од ________________, ________________ и ________________ . Востанието на македонскиот народ за ослободување од фашистичкот окупатор започнало на ________________ 19________________ година и траело до месец ________________19________________ година. Македонската војска од овој период се нарекува ________________ , а нејзините припадници ________________ .

17. Наведи три од најзначајните одлуки на АСНОМ.
________________

18. По Втората светска војна, Македонија влезе во составот на државата ________________ и во незин состав беше до ________________ година, кога ја прогласи својата ________________ .

19. Наведи пет одлики кои ги има Република Македонија како самостојна и независна држава.
________________

20. Ден на независноста и самостојноста на Република Македонија е ________________ .

21. Десно запиши го настанот од македонската историја поврзан со годината/датумот.
1014 ________________
1371 ________________
1395 ________________
1903 ________________
1912 ________________
1913 ________________
1914 ________________
1918 ________________
1919 ________________
1939 ________________
1941 ________________
1941, 6 април ________________
1944, 2 август ________________
1944, ноември ________________
1991, 8 септември ________________
1991 ________________

22. Десно запиши ја година кога се случил историскиот настан.
Поделба на Македонија ________________година
Прогласување на македонската држава ________________година
Крај на Првата светска војна ________________година

23. Десно запиши го значењето на кратенките:
ТМОРО ________________
КПМ ________________
НОБ ________________
НОВ ________________________
СФРЈ ________________________

24. Десно запиши го името на историската личност на која се однесува реченицата.
Синот на кралот Волкашин ________________
Најпознат раководител на ТМОРО ________________
Претседател на СФРЈ ________________

02.06.2010

02.06.2010

Добродојдовте на НАСТАВА 2010, блог кој може да им помогне на учениците и родителите да ја направат комуникацијата со училиштето почеста и поквалитетна.
Во овој момент нема нови содржини на блогот. Следната содржина ќе биде објавена на 02.06.2010 - среда, по 19 часот.
Тема на следната објава: Прашања од тематски тест по предметот Општество
Посетете ја страната повторно. Поздрав.