Thursday, September 1, 2011

Распоред

Учениците од второ одделение треба најдоцна до понеделник (петти септември) да го комплетираат основниот прибор за пишување и цртање: тетратки за почетно пишување, прибор за пишување, цртање и боење (слично како и за претходната учебна година).

Наставните предмети и нивниот седмичен фонт остануваат исти како и претходната учебна година; исклучок е само додавањето на одделенски час (понеделник) и час за дополнителна/додатна настава (петок).

До 9-ти септември учениците ќе работат според ланскиот распоред на часови.

Wednesday, August 31, 2011

Среќна нова учебна година!

Согласно традицијата и законските норми, новата учебна година започнува утре, први септември. Поради горештините, предвидено е да на први и втори септември наставата се одвива на скратени часови.

Учениците од подрачното училиште, првиот час од учебната 2011/2012 година ќе го започнат во 08 часот.

Учениците од второ одделение утре ќе ги добијат бесплатните учебници по Македонски јазики, Англиски јазик и Запознавање на околината, додека учебникот по Математика ќе го добијат накнадно.

Со почетокот на новата наставна година, овој блог продолжува со секојдневното ажурирање, после неактивноста за време на летниот распуст.

Friday, May 27, 2011

Одработување

Сабота, 28-ми мај ќе биде наставен ден.

Wednesday, May 25, 2011

Фотографирање

Фотографирањето на учениците од подрачното училиште е закажано за 31-ви мај (вторник). Цена на групна фотографија е 50 денари, а на поединечна 30 денари.

Friday, May 6, 2011

Народна песна

Го пратиле дедо в' планина

Го пратиле дедо вo планина,
мечките да го изедат.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Ете го дедо кај иде,
полна му торба со мечиња.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Го пратиле дедо на дрва,
волците да го изедат.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Ете го дедо кај иде,
полна му торба со волчиња.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Леле, леле, што е ова, лош дедо, бре.

Thursday, May 5, 2011

Логопед

За резултатот од испитувањата на говорот на учениците од прво одделение од страна на логопед и училишниот психолог (04.05.2011), родителите треба да се информираат лично од одделенскиот наставник.

Wednesday, May 4, 2011

Легитимации

Здравствените легитимации на учениците ќе бидат задржани два дена заради издавање на потвдри за примени вакцини. Истите се предадени во одделението за имунизација, ЈЗО-Кочани. Од таму го пренесуваме соопштението дека истите не издаваат потврди на индивидуално барање на ученик/родител, туку само организирано од училиштата, преку класните раководители.

Friday, April 29, 2011

Празник

Заради обележување на Денот на трудот, понеделник (2-ри мај) е неработен ден.

Thursday, April 28, 2011

За патронатот (2)

Поради обемноста на фото и видео материјалот снимени на празникот, сликите и видео-клиповите ќе бидат поставени на блогот во текот на претстојниот викенд.

За патронатот

Патрониот празник на училиштето, 27-ми април, беше соодветно обележан и во нашето подрачно училиште, со свечена приредба на учениците и со положување свежо цвеќе на споменикот на Никола Карев.

Tuesday, April 26, 2011

Патронат

Патрониот прзаник на училиштето, 27-ми април, учениците од подрачното училиште ќе го обележат со сопствена програма со почеток од 09 часот (учениците да бидат присутни во училишниот двор).

Thursday, April 21, 2011

Празнувања

Ненаставни денови за учениците се 22-ри април (Велики Петок) и 25-ти април (Велигден, втор ден).

Tuesday, April 19, 2011

Родителаска средба

Дневен ред на родителската средба закажана на 20.04.2011 (среда), во 18 часот:

1. Успехот и дисциплината на учениците во третото тромесечје (евидентни листови);
2. Насоки за активностите на учениците до крајот на учебната година;
3. Здравствена заштита на учениците (за епидемијата од морбили).

Monday, April 18, 2011

Родителска средба

Редовна средба со родителите на учениците од прво одделение ќе се одржи на 20.04.2011 (среда), со почеток во 18 часот.

Sunday, April 17, 2011

Пепелашка

Омилената детска приказна „Пепелашка“ во аудио формат (MP3), може да ја симнете со кликање ТУКА (со напомена дека ниедна мултимедијална датотека не може да ја замени книгата) :)

Thursday, April 14, 2011

Пак итно

Учениците од прво одделение треба до утре итно да ги достават своите здравствени легитмации во училиштето, заради издавање (нови) потврди за примените вакцини (потврдите кои се приложени на почетокот на наставната година повеќе не важат).

Wednesday, April 13, 2011

Потврди (итно!)

Родителите кои се уште до училиштето не доставиле потврди за сите примени вакцини кои ги примиле нивни деца, тоа треба да го направат најдоцна до петок, 15-ти април. Потврдите се добиваат во Здравен дом (одделение за имунизација).

Tuesday, April 12, 2011

Дневен план

Дневен план за 13.04.2011 (среда)

1 | Македонски јазик | Препознавање букви | вежби | н. лист
2 | Математика | Активности со учените броеви
3 | Музичко образование | Народно оро
4 | ФЗО | Игра со топка

Saturday, April 9, 2011

Песничка

Детската песничка „Пролет иде“ може да се симне со кликање ТУКА.

Thursday, April 7, 2011

Одработување

Сабота, 9-ти април ќе биде ненаставен и неработен ден за учениците. Ова е измена на соопштението дека на овој ден ќе се одработуваат часовите од 31.03.2011.