Thursday, April 14, 2011

Пак итно

Учениците од прво одделение треба до утре итно да ги достават своите здравствени легитмации во училиштето, заради издавање (нови) потврди за примените вакцини (потврдите кои се приложени на почетокот на наставната година повеќе не важат).

Wednesday, April 13, 2011

Потврди (итно!)

Родителите кои се уште до училиштето не доставиле потврди за сите примени вакцини кои ги примиле нивни деца, тоа треба да го направат најдоцна до петок, 15-ти април. Потврдите се добиваат во Здравен дом (одделение за имунизација).

Tuesday, April 12, 2011

Дневен план

Дневен план за 13.04.2011 (среда)

1 | Македонски јазик | Препознавање букви | вежби | н. лист
2 | Математика | Активности со учените броеви
3 | Музичко образование | Народно оро
4 | ФЗО | Игра со топка

Saturday, April 9, 2011

Песничка

Детската песничка „Пролет иде“ може да се симне со кликање ТУКА.

Thursday, April 7, 2011

Одработување

Сабота, 9-ти април ќе биде ненаставен и неработен ден за учениците. Ова е измена на соопштението дека на овој ден ќе се одработуваат часовите од 31.03.2011.

Wednesday, April 6, 2011

Текст на песничка

Летај, летај Буба Маро

Моја мила другарке
каде што ќе идеш
дали сакаш барем денес
поштар да ми бидеш?

Летај, летај Буба Маро
гостин да ми пратиш,
летај, летај побрзо
назад да се вратиш.
Летај, летај Буба Маро
штом те молам прости,
летај, летај побрзо
сакам многу гости.

Моја мила другарке
торта сега правам,
кога ќе ми дојдат сите
роденден ќе славам.

Saturday, April 2, 2011

Априлијада - втор дел

Учениците од прво одделение на Априлијада:

Слика 01 * * * * * * *Слика 02 * * * * * * *Слика 03 * * * * * * *
Слика 04 * * * * * * *Слика 05 * * * * * * *Слика 06 * * * * * * *
Слика 07 * * * * * * *Слика 08 * * * * * * *Слика 09 * * * * * * *
Слика 10 * * * * * * *Слика 11 * * * * * * *Слика 12 * * * * * * *
Слика 13 * * * * * * *Слика 14 * * * * * * *Слика 15 * * * * * * *
Слика 16 * * * * * * *Слика 17 * * * * * * *Слика 18 * * * * * * *
Слика 19 * * * * * * *

Friday, April 1, 2011

Маскенбал

Групни слики од денешниот маскенбал:

Слика 01 * * * * * * * Слика 02 * * * * * * * Слика 03 * * * * * * * Слика 04 * * * * * * * Слика 05 * * * * * * * Слика 06 * * * * * * * Слика 07 * * * * * * * Слика 08 * * * * * * *

Поединечните слики ќе бидат ставени на блогот утре.

Thursday, March 31, 2011

Песничка

Детската песничка „Летај, летај Буба Маро“ може да се симне со кликање ТУКА.

Wednesday, March 30, 2011

Принцезата на зрно грашок

Приказната „Принцезата на зрно грашок“ во аудио-формат може да се симне со кликање ТУКА.

Tuesday, March 29, 2011

Баба Рога

Омилената приказна за деца „Баба Рога“, во MP3 формат (8,9 МБ) може да ја симнете со кликање на линкот ТУКА. (се отвора нова страна на која треба да се притисне копчето DOWNLOAD FILE).

Monday, March 28, 2011

Априлијада

Традиционално за денот на шегата 1-ви април, и оваа учебна година ќе се одржи маскенбал со учениците од прво до петто одделение. Времето и местото се исти како и лани - во 08 часот во дворот на училиштето. Само маските ќе бидат различни, и секако, поинтересни :)

Sunday, March 27, 2011

Денот на дрвото

Заради спроведување на пролетната акција „Ден на дрвото - пролет 2011“, 31 март (четврток) е ненаставен ден за учениците. Овој ден ќе се одработи на 9 април (сабота)

Saturday, March 26, 2011

Линк

Симни ја песничката „Трите прасенца“, кликни ТУКА.

Friday, March 25, 2011

Песничка „Трите прасенца“

Првото и најмало мое прасе
не знаело да си прави куќичка.
Дошол волкот и ја дувнал куќичката
зошто сакал да го фати прасето.

И второто од трите прасенца
не знаело да прави куќа како третото.

Трите прасенца се мои другарчиња,
ќе ги чувам јас од волкот страшен, лош.

Еј, Волчко, јас не ти се плашам повеќе.
Сега сум голема, сега ќе видиш ти - ха!

Thursday, February 24, 2011

Систематски преглед

Систематски преглед на учениците од прво одделение ќе биде извршен на ден 01.03.2011 (вторник) во 08 часот. Учениците со себе да носат здравствена легитимација, син картон и мокрача. Учениците не треба да бидат гладни.
Со оглед на возраста на учениците, за време на систематскиот преглед може да присуствуваат и нивните родители.

Wednesday, February 23, 2011

Боенка со броеви

Боенка со броевите 6, 7 и 8 може да ја симнете со клик овде. Боенката е пролагодена за печатење.

План за работа за 24-28 февруари

четврток, 24
1. Македонски јазик/ Препознавање на буквите Д/Ѓ/ вежби/ наставен лист
2. Математика/ Активности со бројот 8/стр. 78/79/ вежби
3. ЗО/ Овошје/ истражувачки активности
4. Ликовно образование/ Овошје - моделирање/ пластелин

петок, 25
1. Македонски јазик/ Ликовни од приказна/ стр.78
2. Македонски јазик/ Препознај приказна/ стр. 79
3. Музичко образование/ Пеење на песната
4. ФЗО/ „Манекени“ /игра со движење по обележан простор

понеделник, 28
1. Македонски јазик/ Препознавање на буквата Е/ стр.90/
2. Математика/ Собирање и одземање до 8/ стр. 80/81
3. Игри со движење по обележан простор

Песничка за зелката

Слушни ја мелодијата овде

Зелката има кошули триста
секоја бела, секоја чиста
сите кошули сама ги шие
свлечи и’ една - друга се крие.

Сите кошули сама ги шијам
свечи и’ една - други се кријат.

Никоја од нив не и’ е тесна
зад сите крцка по една песна
што ја препишува од нашата нива
која потајно в неа се слива.

И сливајќи се, цела се упка
ко од бел букет, ко снежна грутка

Зелката има кошули триста
секоја бела, секоја чиста
сите кошули сама ги шие
свлечи и’ една - друга се крие.

Сите кошули сама ги шијам
свлечи и’ една - други се кријат.

Песничка „Јаболчице црвена“

Јаболчице црвена
на висока гранка,
ајде, ајде јаболко
ти на земја падни. (X2)

Ти си многу високо
тоа не е шега,
ај да дувне ветер јак
ќе те земам сега! (X2)