Thursday, September 29, 2011

Храна

Од доставувачот сме известени дека цената за доставената храна за месец септември изнесува 280 денари по ученик. И дека сумата МОРА да се уплати НАЈДОЦНА до 10-ти октомври.

Monday, September 26, 2011

Осигурување

Потсетување дека осигурувањето на учениците треба да биде завршено до петок, 30-ти септември. Пожелно е да родителот ја изврши уплатата лично.

Tuesday, September 13, 2011

Нов распоред на часови

Понеделник
1. Час на одделенската заедница
2. Англиски јазик
3. Македонски јазик
4. Запознавање на околината
5. Физичко и здравствено образование

Вторник
1. Македонски јазик
2. Македонски јазик
3. Математика
4. Музичко образование

Среда
1. Македонски јазик
2. Математика
3. Запознавање на околината
4. Англиски јазик
5. Физичко и здравствено образование

Четврток
1. Македонски јазик
2. Математика
3. Ликовно образование
4. Ликовно образование
5. Музичко образование

Петок
1. Македонски јазик
2. Математика
3. Запознавање на околината
4. Физичко и здравствено образование
5. Дополнителна/додатна настава

Monday, September 12, 2011

Скратени часови

Учениците и студентите во наредните три дена ќе имаат скратени часови во училштата и факултетите поради невобичаените тропски горештини, кои ја зафатија земјава во септември. Поради најавениот топлотен бран од жолта, односно алертна фаза, наставата во училиштата и на факултетите од утре па се’ до четврток ќе бидат скратени и ќе траат до 12 часот, соопштија денеска министрите за здравство и за образование.
Извор: Плусинфо

Tuesday, September 6, 2011

Работни листови

Учениците од второ одделение во оваа наставна година ќе ги користат работните листови по Математијка и Англиски јазик и тоа:

1. Математика: Математика плус - работни листови и тематски тестови за второ одделение. Автори: Ј. Стефановски/ д-р Душко Ачовски

2. Англиски јазик: Set Sail - activity book/ Elizabeth Gray - Virginia Evans

Saturday, September 3, 2011

Новини во оваа учебна година

Задолжителна дополнителна и додатна настава, школи за родители чии деца имаат слаб успех или непримерно однесување, електронски дневник и екстерно тестирање на учениците за да се оцени објективноста на наставниците се новини во оваа учебна година.

Измените на законите за основно и средно образование што беа донесени пролетта се фокусирани на воспитната компонента и поттикнуваат поголемо вклучување на родителите. Тие ќе бидат повикани на советување или на т.н. родителски школи ако нивните деца имаат над три единици, 10 неоправдани или сто оправдани отсуства, ако се однесуваат неморално и асоцијално, учествуваат во тепачки или во други форми на насилство, ги навредуваат наставниците или ако имаат нагло влошен успех.

Советувањето ќе го прават психолози и педагози. Ако родителот не одговори на поканата, ќе биде казнет со 200 евра, а ако не се одѕива на три покани по ред ќе биде известен Центарот за социјална работа.

Вклученост на родителите ќе овозможи и воведувањето Е-дневник, што МОН веќе го имплементираше, а ќе биде задолжителен од новата учебна година. Со него родителот во секој момент ќе знае каков е успехот на неговото дете, дали присуствува на часовите и за содржините што ги усвојува. За неупотреба на електронскиот дневник ќе следуваат казни.

Исто така, наставниците најдоцна до 20 септември се обврзани да огласат распоред на дополнителни часови за учениците со слаб успех, и на додатни часови за талентирани ученици - кои ќе бидат факултативни и можност тие деца да се усовршат во областа за која имаат афинитет или да се подготват за натпревари. Ученикот може да посетува дополнителни часови за најмногу два предмета и за секој по еден час неделно, т.е. по четири часа месечно за предмет. Со оваа измена, родителите ќе заштедат пари за приватни часови.

Есктерното тестирање, со кое ќе се вреднува објективноста на наставниците, од 2011/2012 ќе важи за сите училишта и ќе се спроведе во февруари за матурантите, а на крајот на мај за сите други ученици во основно и во средно образование.

Извор: Утрински Весник

Thursday, September 1, 2011

Распоред

Учениците од второ одделение треба најдоцна до понеделник (петти септември) да го комплетираат основниот прибор за пишување и цртање: тетратки за почетно пишување, прибор за пишување, цртање и боење (слично како и за претходната учебна година).

Наставните предмети и нивниот седмичен фонт остануваат исти како и претходната учебна година; исклучок е само додавањето на одделенски час (понеделник) и час за дополнителна/додатна настава (петок).

До 9-ти септември учениците ќе работат според ланскиот распоред на часови.