Wednesday, October 20, 2010

Црвенкапа

Јас сум Црвенкапче
мало девојче,
носам капче црвено
и чевлички бели.

Ништо мене не ме плаши,
ниту Меца ниту волк,
јас од ништо немам страв,
итам, скитам, по пат прав.

Јас сум Црвенкапче
мало девојче,
низ шума одам
баба да ја видам.

Ништо мене не ме плаши,
ниту Меца ниту волк,
јас од ништо немам страв,
итам, скитам, по пат прав.

Роденденска песна

Денес ми е роденден
гости многу сакам.
Ако некој не дојде,
ќе ми биде мака.

Роден, роденден, денес ми е роденден ( 2 )

Торта сама направив,
колач убав има.
Денес ми е весел ден,
гости цел ден примам.

Роден, роденден, денес ми е роденден ( 2 )

Thursday, October 14, 2010

Родителска средба

Родителска средба за прво одделение ќе се одржи на ден 16.10.2010 година (сабота), со почеток во 18 часот. Планирани точки:

1. Успехот и дисциплината на учениците

2. Дополнителен прибор за работа (тетратки, сликовници...)

3. Начин на работота и следење на напредокот на учениците

3. Разно: отсуства, списанија, исхрана, прашања од родителите.

Присуството е задолжително!

План за работа за периодот 13-22.10.2010

13.10.2010 среда
1. Англиски јазик
2. Македонски јазик Директор, педагог, психолог...
3. Математика Се допира... стр.17
4. Музичко обр. Песна „Есен“
5. ФЗО Натпревар во брзо трчање

14.10.2010 четврток
1. Македонски јазик Расказ „Зошто одиме на училиште“ стр.13
2. Математика Пред, зад, меѓу, се допира стр.17/18 (вежби)
3. ЗО Кој се однесува правилно? стр.35
4. Ликовно обр. Моделирање/есенски плодови (пластелин)

15.10.2010 петок
1. Македонски јазик Правила за однесување во училница стр. 18
2. Македонски јазик Правила на однесување во нашата училница
3. Музичко Пеење на песната „Есен“
4. ФЗО Игри со трчање

18.10.2010 понеделник
1. Англиски јазик
2. Македонски јазик Јас сум дежурен стр. 19
3. Математика Математика +, контролен тест 4
4. ФЗО Вежби за организирано поставување и движење

19.10.2010 вторник
1. Македонски јазик Расказ „В училиште“ стр. 16
2. Математика Внатре, надвор, на стр. 18
3. ЗО Правила за однесување во училницата стр. 29
4. Ликовно Цртање вертикални кратки линии. „Дождлив ден“

20.10.2010 среда
1. Англиски јазик
2. Македонски јазик Сликовница за оваа седмица стр. 20
3. Математика Лево - десно стр. 19
4. Музичко Песна „Моето училиште“
5. ФЗО „Внимавај каде одиш“ (штафета)

21.10.2010 четврток
1. Македонски јазик Прераскажување на сликовницата
2. Математика Внатре, надвор, на, лево, десно вежби/стр.20
3. ЗО Мојот дом, моето семејство стр.26/37
4. Ликовно Илустрација на сликовницата

ПЕТОК 22
1. Македонски јазик Песна „Есенско овошје“ обработка стр. 34
2. Македонски јазик Состави приказна по слики стр. 33/потсетување
3. Музичко Ритмичко марширање
4. ФЗО Одење со носење предмети на глава

Песна „Есен“

Песничката е за усвојување на часовите по Музичко образование. Аудио снимката од истата ќе биде ставена на блогот утре.

Есен

Дојде есен златна
ситен дождец лее
а во нива веќе
сеач семе сее.

Јаболка се берат
крушки, сливи зрели,
богат род ќе има
за зимата цела.

Tuesday, October 5, 2010

Две песнички

Добро утро, добар ден

Наутро дома,
на школо и по пат,
„добро утро“ кажувам
на стар и на млад.

На пладне кога
од школо се враќам,
со „добар ден“ поздрави
секому му праќам.

Овошје и зеленчук

Есента е богата
како никој друг,
има таа овошје
има и зеленчук.

Јаболки и круши,
сливи и грозје,
берам полни кошници
се викаат овошје.

Пиперки и зелка,
моркови и лук,
полна е градината
со секаков зеленчук.

Monday, October 4, 2010

План за работа за периодот 05.10 - 12.10.2010

ВТОРНИК 05
1. Македонски јазик Песна „Како поздравувам“ (потсетување) стр.24
2. Математика Над - под стр. 15
3. ЗО Простории во училиштето стр. 32
4. Ликовно Пејсаж - рана есен (водени бои)

СРЕДА 06
1. Англиски јазик
2. Македонски јазик Културно однесување стр. 25/26
3. Математика Горе - долу, над - под вежби
4. Музичко Пеење на песни за есента и октомври
5. ФЗО Ритмичко чекорење

ЧЕТВРТОК 07
1. Македонски јазик „Во училиште“ стр. 12
2. Математика Математика +, контролен тест 3
3. ЗО Вработени во училиштето стр. 33
4. Ликовно „Моето училиште“ (мрсни бои)

ПЕТОК 08
(Прием на првачињата во Детската организација)

СРЕДА 11
Ден на востанието на македонскиот народ (неработен ден)

ВТОРНИК 12
1. Македонски јазик Кој што работи во училиште стр. 23
2. Математика Пред, зад, меѓу стр. 16
3. ЗО Мојата училница стр. 28
4. Ликовно Слободен цртеж

Организирана исхрана

Учениците кои во месец септември користеле организирана исхрана преку училиштето треба да уплатат по 200 денари. Пожелно е уплатата да се изврши до 15-ти октомври.

Обележување на Детска недела - информација за родителите

По повод приемот на првачињата во Детската организација на Македонија, учениците во петок (08.10.2010) ќе присуствуваат на свеченост организирана за нив пред Домот на културата во Кочани, при што ќе им бидат доделени беџови и детски пасош.

Учениците треба до петок да уплатат 50 денари (30 денари за беџ и пасош и 20 денари за превоз).

Петок (08.10.2010) за првачињата е работен, но ненаставен ден. Задолжително е присуството на сите ученици (во 10 часот)!

Дневно планирање - 05.10.2010 (вторник)

05.10.2010, вторник
1. Македонски јазик: Културно однесување, стр.25
Песна „Како поздравувам“ (потсетување), стр. 24
2. Математика: Над - под, стр. 15
3. ЗО: Простории во училиштето. Мојата училница, стр. 32/33
4. Ликовно образование: Пејсаж - рана есен (водени бои)

Sunday, October 3, 2010

Информација за родителите

На ден 08.10.2010 година (петок) ќе се изврши свечен прием на првачињата во Детската организација на Македонија. Овој ден за првачињата е ненаставен, а со почеток во 11 часот е планирано нивно присуство на свеченост пред Домот на културата „Бели мугри“ во Кочани. Предвидено е доделување на беџови и детски пасоши. За нивната цена, како и за цената на превозот, родителите ќе бидат дополнително информирани.

Дневно планирање

04.10.2010, понеделник
Македонски јазик - Што научив од приказната (стр. 15)
Математика - Горе-долу (стр. 14)
ФЗО - Одење во колона со кратки и долги чекори (игра „Како оди мачката“)