Tuesday, October 5, 2010

Две песнички

Добро утро, добар ден

Наутро дома,
на школо и по пат,
„добро утро“ кажувам
на стар и на млад.

На пладне кога
од школо се враќам,
со „добар ден“ поздрави
секому му праќам.

Овошје и зеленчук

Есента е богата
како никој друг,
има таа овошје
има и зеленчук.

Јаболки и круши,
сливи и грозје,
берам полни кошници
се викаат овошје.

Пиперки и зелка,
моркови и лук,
полна е градината
со секаков зеленчук.

No comments:

Post a Comment