Wednesday, June 9, 2010

Запишувања во петто одделение (информација за родителите)

Учениците од четврто одделение (осумгодишно образование) од подрачното училиште, по завршувањето на наставната (10.06.2010) и учебна година (31.08.2010), при преминување во петто одделение во центалното училиште, немаат обврска да се запишуваат во петто одделение, од причина што тие се веќе запишани во главната книга во централното училиште уште на почетокот на нивното школување (забавиште, прво одделение). Со започнувањето на новата наставна 2010/2011 година, тие ќе бидат само распределени во паралелките од петто одделение во центалното основно училиште (во месец август).

No comments:

Post a Comment