Saturday, June 5, 2010

Прашања - Македонски јазик

1. Текстот што следува е напишан на народен јазик (дијалект). Препиши ги речениците на литературен јазик.

„Ама ми појде некако понеделнико... Ош саабаале ко станах, како да се сопнах од нешто, па до пладнината не можох да си ги опраам работите. Да уклучам компјутеро - однема струја. Ујдох по леп - лебо се продал. Викам му на продавачо, а он ми вика, шо не си станал порано, бе? Ја ле леп ќе ти месам сеа?“

2. Во реченицата „Малиот Марко мирно спие“ определи кој збор е: подмет, прирок, додаток на подметот и додаток на прирокот.

3. Од зборовите „попладне, тополо, пороен, неочекувано, дожд, заврна, едно, јунско“ формирај реченица од осум зборови.

4. Реченицта на директен запиши ја со индиректен говор.
- Ти си внимателен, Доне! Не се сомневам дека ќе ме послушаш!

5. Реченицата на индиректен запиши ја со директен говор.
Ја прашав Тања дали знае дека вујко и’ се вратил.

6. Во следната реченица запиши (за секој збор) за видовите зборови од кои е составена.
Лани Петре имаше повеќе петки.

7. Запиши по три именки:
а) општи
б) сопствени
в) збирни

8. Запиши по три именки од:
а) машки род
б) женски род
в) среден род

9. Запиши по една именка:
а) еднина
б) множина
в) членувана

10. Запиши по три придавки:
а) описни
б) присвојни
в) материјални

11. Запиши по една придавка:
а) еднина
б) множина
в) членувана

12. Запишпи по три заменки:
а) лични
б) присвојни

13. Запиши три броеви:
а) прости
б) редни

14. Глаголот „учи“ запиши го во минато, сегашно и идно време.

15. Означи го акцентот во следниве зборови: трн, куќа, дебело, претражува, скапотијата.

16. Во следната реченица означи ја заменската форма / не’ /.
Тоа што не не интересира не дозволивме да не опфати.

17. Во следната реченица означи ја заменската форма / и’ /.
Мајка и на Јована и сестра ми и купија подарок на баба.

18. Препиши ги следниве реченици правилно (употрби голема буква на соодветно место).
дедо ристе мечкарот имаше колипка на трајанова полјана, едно прекрасно место во бушева планина. малку подолу од полјаната, беше изворот на крива река, која брзаше на југ кон својата утока во преспанското езеро.

19. Препиши ја следнава реченица со правилна примена на согласките.
Горги и јас живеефме во една кука. Пред куката имафме вурна. Во неја се пецеше наиубав леп во селата околиа.

20. Објасни што значат кратенките: ОУ, РМ, АРМ, МПЦ, МВР.

21. Запиши реченица во која ќе употребиш набројување.

22. Бројот 7 652 запиши ги со зборови како:
а) главен
в) реден

No comments:

Post a Comment