Saturday, June 5, 2010

Задачи по Математика

1. Која вредност ја има цифрата 7 во бројот 171 432?

2. Бројот 12949703 запиши го со групирање на класите.

3. Запиши го со зборови бројот 103 707.

4. Запиши го бројот со цифри: шеесет и седум илјади и два.

5. 321 043 - 186 529 =

6. 36 146 + 298 966 =

7. 31 632 + х = 90 121
х - 526 = 19 897
30 000 - х = 21 736

8. х • 8 = 36 520
х : 7 = 63 529
193 426 : х = 34

9. Запиши ја со соодветни броеви реченицата: четири петини плус седум петини се едно цело и една петина.

10. Пресметај ја обиколката на разностран триаголник со страни: a = 5 cm, b = 4 cm и c = 3 cm.

11. Пресметај ја обиколката на рамностран триаголник со страна 8 cm.

12. Пресметај ја обиколката на рамнокрак триаголник со основа а = 3 cm и крак b = 7 cm.

13. Пресметај ја обиколката на квадрат со страна 12 cm.

14. Пресметај обиколка на правоаголник со страни а = 8 cm и b = 3 cm.

15. 728 + 455 : 7 + 736 =

16. 784 : 8 + 12 + (3 698 - 1799) =

17. Бројот 1 736 зголеми го за 7.

18. Бројот 3 160 намали го пет пати.

19. Бројот 1 723 зголеми го за 245.

20. Бројот 3 452 зголеми го 17 пати.

21. Што покажуваат броителиот и именителот во дропката?

22. Собери две дропки со еднакви именители.

23. Одземи две дропки со еднакви именители.

24. Наброј ги геометриските тела.

25. По колку темиња, рабови и страни имаат коцката и квадарот?

26. Наброј ги единиците мерки за плоштина.

27. Пресметај ја плоштината на квадрат со страна 18 m.

28. Пресметај ја плоштината на правоаголникот со страни а = 17 m и b= 9 m.

29. Колку е страната на квадратот со обиколка 536 m?

30. Колки е страната на квадратот со плоштина 81 m?

No comments:

Post a Comment